
Заштита на Вашиот уред од штетни
содржини
Вашиот уред може да биде изложен на
вируси и други штетни содржини.
Преземете ги следните мерки на
претпазливост:
•
Бидете внимателни при отварање
на пораките. Тие може да содржат
штетен софтвер или на друг начин
да бидат штетни за Вашиот уред
или компјутер.
Размена на пораки 17
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

•
Бидете внимателни кога прифаќате
барања за поврзување,
пребарувате интернет или
преземате содржини. Не
прифаќајте Bluetooth поврзување
од извори на кои не им верувате.
•
Инсталирајте и користете само
услуги и софтвер од извори на кои
им верувате и кои нудат адекватна
сигурност и заштита.
•
Инсталирајте антивирусен и друг
безбедносен софтвер на Вашиот
уред и кој било поврзан компјутер.
Користете само една антивирусна
апликација во исто време.
Едновремено користење на повеќе
антивирусни програми може да
влијае врз резултатите и
работењето на уредот и/или
компјутерот.
•
Доколку пристапувате до
претходно инсталирани зачувани
линкови и линкови до интернет
страници на трети страни,
преземете соодветни мерки на
претпазливост. Nokia не ги
поддржува ниту пак презема која и
да е одговорност за таквите
страници.