WLAN поврзаност
Можете да користите безжична
локална мрежа (WLAN) за да се
поврзете на интернет. Можете да
барате и да се поврзете со достапните
мрежи, да зачувате и управувате со
претпочитаните мрежи, и да ги
измените прилагодувањата за
поврзаност.
Вашиот уред поддржува автоматска
автентикација на WLAN жешка точка и
автоматски ќе открие дали овој вид на
автентикација е потребен за достап до
интернет, на пример, на некои јавни
места.
За да ја заштедите енергијата на
батеријата, затворете ја вашата WLAN
врска кога не е во употреба. Доколку не
ја користите WLAN врската за околу 5
минути, истата се затвора автоматско.
Деактивирањето на Bluetooth може да
ја подобри стабилноста на WLAN
врската.
Функциите кои што користат
безжична LAN ја зголемуваат
побарувачката на енергија од
батеријата и го намалуваат животниот
век на батеријата.
Забелешка: Во некои земји може да
биде ограничено користењето на WLAN.
На пример, во Франција е дозволено
користење на WLAN само во затворени
простории. За повеќе информации,
контактирајте ги Вашите надлежни
органи.
Поставки 27
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.