Nokia C3 00 - За управувањето со дигитални права

background image

За управувањето со дигитални права
Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони и

почитувајте ги локалните обичаи, приватноста и

легитимните права на другите, вклучувајќи ги и

авторските права. Заштитата на авторските права може

да Ве спречи да копирате, модифицирате или пренесувате

некои слики, музика и други содржини.

Сопствениците на содржини може да користат различни

типови на технологија за управување со дигитални права

(ДРМ; digital rights management – DRM) за заштита на

нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и

авторските права. Овој уред користи различни типови на

ДРМ софтвер за пристап до содржини заштитени со ДРМ.

Со овој уред можете да пристапите на содржини

заштитени со WMDRM 10, OMA DRM 1.0, OMA DRM 1.0 forward

lock, и OMA DRM 2.0. Ако одреден ДРМ софтвер не успее да

ја заштити содржината, сопствениците на содржината

може да побараат таквата ДРМ софтверска можност за

пристап до новите содржини заштитени со ДРМ да бидат

повлечени. Повлекувањето исто така може да спречи

обнова на таквата содржина заштитена со ДРМ веќе во

Вашиот уред. Повлекувањето на таквиот ДРМ софтвер не

влијае на користењето на содржини заштитени со друг

тип на ДРМ или користење на содржини незаштитени со

ДРМ.

Содржините заштитени со DRM доаѓаат придружени со

лиценца што ги дефинира Вашите права за користење на

содржината.

Другите методи на префрлување може да не ги

префрлуваат лиценците кои треба да се повратат со

содржината за да можете Вие да продолжите со

користење на содржината заштитена со OMA DRM откако

меморијата на уредот ќе биде форматирана. Може исто

така да треба да ја повратите лиценцата во случај

датотеките на Вашиот уред да бидат оштетени.

Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и

лиценцата и содржината ќе бидат изгубени ако

меморијата на уредот се форматира. Може исто така да ги

загубите лиценцата и содржината ако датотеките на

Вашиот уред бидат оштетени. Губењето на лиценцата или

36 Информации за производот и безбедноста

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

background image

на содржината може да ја ограничат Вашата можност за

повторно користење на истата содржина на Вашиот уред.

За повеќе информации, контактирајте го Вашиот

оператор.

Некои лиценци може да се поврзани со некоја

специфична SIM картичка, и на заштитената содржина

може да и се пристапи само ако SIM картичката е вметната

во уредот.