Грижа за Вашиот уред
Внимателно ракувајте со Вашиот уред, батерија, полнач и
додатоци. Следниве сугестии Ви помагаат да ја заштитите
важечката гаранција.
•
Чувајте го уредот сув. Талогот, влажноста и сите
типови на течности и влага може да содржат
минерали што предизвикуваат корозија на
електронските кола. Ако Вашиот уред се навлажни,
отстранете ја батеријата и оставете уредот да се
исуши.
•
Не го користете или чувајте уредот во прашливи или
нечисти места. Подвижни делови и електронски
компоненти може да се оштетат.
•
Не го чувајте уредот на високи температури.
Високите температури може да го намалат
животниот век на уредот, да ја оштетат батеријата
или да ги искриват или растопат пластичните
делови.
•
Не го чувајте уредот на студени температури. Кога
уредот ќе се затопли на својата нормална
температура, во внатрешноста на уредот може да се
формира влага и да ги оштети електронските кола.
•
Не се обидувајте да го отворите уредот на друг начин
освен како што е наведено во упатството за
корисникот.
•
Неодобрените модификации може да го оштетат
уредот и да ги прекршат правилата кои важат за
радио уреди.
•
Не го испуштајте удирајте или тресете уредот.
Грубото ракување може да ги скрши внатрешните
плочки на колата и механиката.
•
Користете само некое нежно, чисто, суво платно за
да ја исчистите површината на уредот.
•
Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави
подвижните делови и да спречи правилно
функционирање.
•
За оптимални перформанси, исклучете го уредот
одвреме-навреме и отстранете ја батеријата.
•
Држете го Вашиот уред настрана од магнети или
магнетни полиња.
•
За да ја сочувате безбедноста на Вашите важни
податоци, чувајте ги на најмалку две засебни места,
како што се Вашиот уред, мемориска картичка или
компјутер, или запишете ги важните информации.