![background image](https://i.helpdoc.net/Nokia C3 00/mk/Nokia C3 00_mk011.png)
Пристапни шифри
Безбедносниот код Ви помага да го
заштитите Вашиот уред од неовластена
употреба. Можете да го креирате и
променувате кодот и да го поставите
уредот да го бара кодот. Чувајте го
кодот во тајност и на безбедно место
одделено од Вашиот уред. Ако го
заборавите кодот и Вашиот уред е
заклучен, тогаш на Вашиот уред ќе му
биде потребен сервис. Може да се
применат додатни трошоци и сите
лични податоци во Вашиот уред може
да бидат избришени. За повеќе
информации, контактирајте некој Nokia
Care сервис или Вашиот дилер на
телефонот.
PIN кодот доставен со SIM картичката ја
заштитува картичката од неовластена
употреба. PIN2 кодот доставен со
некои SIM картички е потребен за
пристап до одредени услуги. Ако го
внесете PIN или PIN2 кодот неточно три
пати по ред, ќе Ви биде побаран PUK
или PUK2 кодот. Ако ги немате,
контактирајте со Вашиот обезбедувач
на услуги.
PIN модулот е потребен за пристап до
информациите во безбедносниот модул
од вашата SIM картичка. За дигиталниот
потпис може да се бара PIN за потпис.
Лозинката за забрана е потребна кога
се користи услуга за забрана на повик.
За да прилагодите како Вашиот уред ги
користи пристапните кодови и
прилагодувањата за безбедност,
одберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Безбедност
.