Полнење на батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета
во фабриката. Доколку уредот
8
За почеток
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
покажува дека батеријата е слаба,
сторете го следново:
1 Вклучете го полначот во ѕиден
штекер.
2 Поврзете го полначот со уредот.
3 Кога батеријата покажува дека е
целосно наполнета, откачете го
полначот од уредот, а потоа и од
ѕидниот штекер.
Не треба да ја полните батеријата за
некој одреден период на време и
можете да го користите уредот додека
истиот се полни. Ако батеријата е
целосно испразнета, може да поминат
неколку минути пред индикаторот за
полнење да се појави на екранот или
пред да можат да се направат било
какви повици.