Вметнете SIM картичка и батерија
Безбедно отстранување. Секогаш
исклучете го уредот и отстранете го
полначот пред да ја отстраните
батеријата.
Важно: Не користете мини-UICC SIM
картичка, исто така позната како
микро-SIM картичка, микро-SIM
картичка со полнач или SIM картичка
што има мини-UICC исечок (види слика)
во овој уред. Микро SIM картичката е
помала од стандардната SIM картичка.
Овој уред не ја поддржува употребата
на микро-SIM картички и употребата на
некомпатибилни SIM картички може да
ја оштети картичката или уредот и
може да ги оштети податоците што се
зачувани на картичката.
SIM картичката и нејзините контакти
лесно можат да бидат оштетени со
гребење или виткање, па затоа бидете
внимателни при ракувањето,
вметнувањето или отстранувањето на
картичката.
1 Притиснете ги копчињата за
ослободување на задниот капак и
отстранете го задниот капак (1, 2).
Отстранете ја батеријата (3).
За почеток
7
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
2 Осигурете се дека областите за
контакт на SIM картичката се
свртени надолу и поставете ја SIM
картичката во држачот за SIM
картички (4, 5, 6).
3 Вратете ја батеријата и задниот
капак (7, 8, 9).