Nokia C3 00 - Рециклирање

background image

Рециклирање

Кога овој уред ќе го достигне крајот на

неговиот работен век, се од неговите

материјали може да биде повратено

како материјали и енергија. За да

гарантира правилно отстранување на

отпадот и повторна употреба, Nokia

соработува со нејзините партнери во

програмата Ние:рециклираме

(We:recycle). За повеќе информации за

тоа како да ги рециклирате Вашите

стари производи на Nokia и каде да ги

најдете збиралиштата за рециклирање,

одете до www.nokia.com/werecycle или

користејќи мобилен уред, nokia.mobi/

werecycle или повикајте го контактниот

центар на Nokia.
Рециклирајте го пакувањето и

корисничките упатства спред Вашата

локална шема за рециклирање.

SIM услуги 33

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

background image

Симболот на пречкртана корпа за

отпадоци на Вашиот производ,

батерија, литература, или пакување Ве

потсетува дека сите електрични или

електронски производи, батерии, и

акумулатори мора да се однесат на

одредено место за собирање на крајот

од нивниот работен век. Ова барање се

применува во Европската Унија. Не

фрлајте ги овие производи како

несортиран општински отпад. За

повеќе информации за еколошките

својства на Вашиот уред, погледнете на

www.nokia.com/ecodeclaration.

Информации за производот и

безбедноста

Општи информации

За Вашиот уред
Безжичниот уред опишан во ова упатство е одобрен за

употреба на (E)GSM 850, 900, 1800, и 1900 MHz мрежите .

Контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги за повеќе

информации околу мрежите.

Вашиот уред може да има претходно инсталирани

зачувани линкови и линкови до интернет страници на

трети страни и може да Ви дозволи да пристапувате на

страниците на третите страни. Овие не се поврзани со

Nokia, и Nokia не гарантира ниту пак ги одобрува овие

страници. Ако пристапите кон таквите страници,

превземете мерки или содржини за безбедност.

Предупредување:

За да користите било која од функциите на овој уред,

освен будилникот, уредот мора да е вклучен. Не

вклучувајте го уредот кога употребата на безжичен уред

може да предизвика пречки или опасност.

Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони и

почитувајте ги локалните обичаи, приватноста и

легитимните права на другите, вклучувајќи ги и

авторските права. Заштитата на авторските права може

да спречи некои слики, музика, и други содржини да бидат

копирани, модифицирани, или пренесени.

Направете резервни копии или чувајте пишани записи на

сите важни информации што се зачувани во Вашиот уред.

При поврзување со било кој друг уред, прочитајте ги

неговите упатства за корисникот за детални безбедносни

инструкции. Не поврзувајте некомпатибилни производи.

Сликите во ова упатство може да се разликуваат од тие на

екранот на Вашиот уред.

Други важни информации во врска со Вашиот уред

побарајте во упатството за корисникот.

Мрежни услуги
За да го користите уредот мора да Ви биде овозможена

услуга од безжичен оператор. Некои карактеристики не

се достапни на сите мрежи; други карактеристики може

да бараат да направите некои специфични договори со

Вашиот обезбедувач на услуги за да ги користите.

Мрежните услуги вклучуваат пренос на податоци.

Проверете кај Вашиот обезбедувач на услуги за детали за

тарифите во Вашата домашна мрежа и кога сте во

роаминг во други мрежи. Вашиот обезбедувач на услуги

може да ви објасни кои тарифи ќе се применат. Некои

мрежи може да имаат ограничувања кои што влијаат на

тоа како можете да користите некои карактеристики на

овој уред кои што бараат мрежна поддршка како што е

поддршка за специфични технологии како WAP 2.0

протоколи (HTTP и SSL) кои што работат на TCP/IP

протоколи и знаци кои зависат од јазикот.

Вашиот оператор може да има побарано некои својства

да не Ви се на располагање или да не се активирани во

Вашиот уред. Доколку е така, тие нема да се појавуваат на

менито на Вашиот уред. Вашиот уред може исто така да

има прилагодени објекти како што се имиња на менија,

редослед на менија, и икони.

Заедничка меморија
Следниве функции на уредот може да користат заедничка

меморија: мултимедијални пораки (MMS). Користењето на

една или повеќе од овие карактеристики може да ја

намалат достапната меморија за останатите

карактеристики. Ако Вашиот уред прикажува некоја

порака дека меморијата е полна, избришете некои од

зачуваните податоци во споделената меморија.